Се наближува новото 51. издание на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Заедно ќе уживаме во звуците на гајдата, кавалот, на кемането, зурлата тапанот, ќе уживаме во мајсторијата на нашите изведувачи од сите краишта на Македонија. А ќе имаме и гости.
Годинава имаме подновено руво. Датумот е многу поблиску отколку досега.
Воспоставуваме нова, или подновена традиција.
ОД ГОДИНАВА ФЕСТИВАЛОТ СЕ ВРАЌА НА СВОИТЕ КОРЕНИ НА ОДРЖУВАЊЕ.
ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 31 МАЈ И НА 1 ЈУНИ 2025, В САБОТА И В НЕДЕЛА ВО ДОЛНЕНИ.
НА ИЗВОРОТ НА СВОИТЕ ТРАДИЦИИ!
Семинарот за изучување на народните инструменти и песни ќе се одржува од 26 до 30 мај во Прилеп.
Подготовките течат забрзано.
Наскоро, ќе Ве потсетиме на убавиот изворен мелос.





