Uncategorized

СЕ НАБЛИЖУВА ФЕСТИВАЛОТ НА НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ И ПЕСНИ „ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ – 31 МАЈ И 1 ЈУНИ ВО ДОЛНЕНИГОДИНАВА ВО ПОДНОВЕНО РУВО

Се наближува новото 51. издание на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Заедно ќе уживаме во звуците на гајдата, кавалот, на кемането, зурлата тапанот, ќе уживаме во мајсторијата на нашите изведувачи од сите краишта на Македонија. А ќе имаме и гости.Годинава имаме подновено руво. Датумот е многу поблиску отколку досега.Воспоставуваме нова, или подновена традиција.ОД ГОДИНАВА ФЕСТИВАЛОТ СЕ ВРАЌА НА СВОИТЕ КОРЕНИ НА ОДРЖУВАЊЕ. ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 31 МАЈ И НА 1 ЈУНИ 2025, В САБОТА И В НЕДЕЛА ВО ДОЛНЕНИ.НА ИЗВОРОТ НА СВОИТЕ ТРАДИЦИИ!Семинарот за изучување на народните инструменти и песни ќе се одржува од 26 до 30 мај во Прилеп. Подготовките течат забрзано.Наскоро, ќе Ве потсетиме на убавиот изворен мелос.

СЕ НАБЛИЖУВА ФЕСТИВАЛОТ НА НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ И ПЕСНИ „ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ – 31 МАЈ И 1 ЈУНИ ВО ДОЛНЕНИГОДИНАВА ВО ПОДНОВЕНО РУВО Read More »

Гран при за КУД „Јане Сандански“, а Гајдата на Пеце за Здравко Андонов од Ињево, Радовишко на фестивалот „Пеце Атанасовски“

Гран при за КУД „Јане Сандански“, а Гајдата на Пеце за Здравко Андонов од Ињево, Радовишко на фестивалот „Пеце Атанасовски“ Искусниот гајдаџија Здравко Андонов од село Ињево, Радовишко е годинашниов добитник на Гајдата на Пеце која ја доделува општина Долнени како најдобар изведувач, а Културно-уметничкото друштво „Јане Сандански“ од Неготино е добитник на Гран при наградата на 50. јубилеен Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој се одржуваше во Прилеп и на Рудина, Долнени.Фестивалот додели и 6 награди-гајдарки, 10 статуетки и 50 плакети на истакнати учесници. Жирито кое одлучуваше го сочинуваат истакнати фолклористи: професор д-р Родна Величковска, професор д-р Горанчо Ангелов и доцент д-р Стојанче Костов. На Фестивалот учествуваа преку 250 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на Македонија. По 13-ти пат се одржа Семинарот за изучување на народните инструменти и песни, а беа промовирани и зборникот на научни трудови „Фолклорот во минатото и денес“, како и монографијата за 50-годишниот јубилеј на Фестивалот „Непресушен извор-за навек“. Фестивалот во петокот го отвори дефилето на 50 гајдаџии во центарот на Прилеп, а втората фестивалска вечер се одржа синоќа на Рудина, Долнени.

Гран при за КУД „Јане Сандански“, а Гајдата на Пеце за Здравко Андонов од Ињево, Радовишко на фестивалот „Пеце Атанасовски“ Read More »

Фестивалот „Пеце Атанасовски и КЕЦ „Небрегово“ потпишаа декларација за соработка

Фестивалот „Пеце Атанасовски и КЕЦ „Небрегово“ потпишаа декларација за соработкаВо рамките на 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што се одржува во Прилеп и во Долнени, денеска во Спомен-куќата на Фестивалот во Долнени беше потпишана декларација за соработка насловена „Зборот на Конески, Гајдата на Пеце“. Декларацијата ја потпишаа Фестивалот и културниот и информативен центар „Небрегово“ како и манифестацијата „Зборот на Конески“. Декларацијата ја потпишаа претседателот на Фестивалот „Пеце Атанасовски“, Горан Василески, и претседателот на КЕЦ „Небрегово“, Живко Цветкоски. Според секретарот на КЕЦ „Небрегово, Атанас Конески ова е значаен културен миг за две личности кои ја одбележале културната историја на Македонија.-Великанот Блаже Конески и уметникот со универзални вредности, Пеце Атанасовски ги одбележаа културната историја, националниот самобит, постоењето и продолжувањето на она што го направиле нивните претходници, нашите предци. Ние сме нивни почитувачи и продолжувачи и за нас значат инспирација за далекусежни постигнувања на културен, национален, музички и духовен план, рече Атанас Конески. Претседателот на Фестивалот „Пеце Атанасовски, Горан Василескиги нагласи честа, но и одговорноста за културната соработка на манифестациите.-Огромна е честа што можеме овие два великани од Прилепско, Блаже Конески и Пеце Атанасовски, на некој начин да ги споиме со оваа декларација, нивните дела и нивното значење, рече Василески.Декларацијата во пет точки ја прецизира соработката, меѓу кои и да ги чуваат и да ги продолжуваат македонскиот збор и македонското народно богатство, врежани во нашиот идентитет и континуитет и да ги едуцираат идните генерации. Декларацијата ќе биде доставена до надлежните институции,Владата, Министрството за култура и туризам, министерството за локална самоуправа, до ЗЕЛС, локалните самоуправи на Прилеп и Долнени и ќе се бара поддршка за активностите.

Фестивалот „Пеце Атанасовски и КЕЦ „Небрегово“ потпишаа декларација за соработка Read More »

Се одржува Фестивалот „Пеце Атанасовски“.

Се одржува Фестивалот „Пеце Атанасовски“. Во центарот на прилеп го отворија 50 гајдаџии. Во чест на големиот јубилеј – 50 постоење. нека му е честит роденденот на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Се одржува Фестивалот „Пеце Атанасовски“. Read More »

Со 50 гајдаџии во Прилеп отворен 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Со дефиле на 50 гајдаџии од цела Македонија на возраст од 5 до 95 години, синоќа на летната сцена на плоштадот Александрија во Прилеп беше отворен 50-тиот, јубилеен Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Преку 250 изведувачи на изворниот мелос во првата и во втората фестивалска вечер, во Прилеп и на Рудина, Долнени ја презентираат љубовта спрема фолклорните традиции. Речиси 80-годишниот Здравко Андонов од Ињево, Радовишко од 16-годишна возраст е со гајдата.-Многу сакам да свирам на гајда. Сум учествувал на многу фестивали, сум гостувал и во Англија. Овде на Фестивалот „Пеце Атанасовски“ многу ми е убаво. Се дружиме, разменуваме мислења за изворниот мелос. И така треба да биде, рече гајдаџијата Здравко Андонов. Никола Стојов од Оризари, Кочанско е млад гајдаџија, ама љубовта спрема изворниот мелос, смета, се наследува. -Ги гледаме, ги слушаме повозрасните и сакаме да свириме, да ги негуваме и чуваме традициите, вели Стојов. На првата фестивалска вечер во Прилеп настапија 16 групи изведувачи од цела Македонија.-Фестивалот е еден од ретките фолклорни фестивали кој може да се пофали со голем јубилеј. Ги негуваме фолклорните традции, а го имаме и Семинарот за изучување на народните инструменти и песни на кој учат млади веќе 13 години. Тоа е наша голема радост и сериозно сме посветени на негувањето, зачувувањето и пренесувањето на помладите на богатиот изворен мелос, рече Горан Василески, претседател на Фестивалот. Трајче Малинов, наставник по традиционални инструменти во основното училиште „Стефан Гајдов“ од Велес е радосен што со младите учествува првпат на Фестивалот. Фолклорот, смета е идентитет на еден народ. -Се враќа „во мода“ она традиционалното, нашето старото, автохтоното, што мораме да го негуваме, бидејќи културата е нешто основно за да опстане една нација. Тоа е идентитетот на еден народ, рече Малинов. Фестивалот ги промовираше петтиот зборник на научни трудови „Фолклорот во минатото и денес“ како и монографијата „непресушен извор, за навек“ за 50-годишниот јубилеј.На првата фестивалска вечер, настапи и вокалноинструменталниот состав при националниот ансамбл „Танец“. Денеска во 11 часот во Спомен-куќата во Долнени ќе биде потпишан меморандум за соработка со културноинформативниот центар „Небрегово“ и со манифестацијата „Зборникот на Конески“, а од 19 часот е втората фестивалска вечер. Ќе бидат доделени Гран при наградата за најдобар изведувач и Гајдата на Пеце што ја доделува општина Долнени за најдобриот гајдаџија на Фестивалот.

Со 50 гајдаџии во Прилеп отворен 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ Read More »

Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше промовирана монографијата за големиот јубилеј на Фестивалот 50 години постоење.

Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше промовирана монографијата за големиот јубилеј на Фестивалот 50 години постоење. Насловена е „Непресушен извор за навек“ од новинарката Елизабета Митреска. Говореа и рецензентите м-р Горан василески и Весна Атанасовска Вучиќ.

Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше промовирана монографијата за големиот јубилеј на Фестивалот 50 години постоење. Read More »

Утре почнува јубилејниот, 50-ти Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Со дефиле во центарот на Прилеп на 50 гајдаџии од цела Македонија утревечер ќе започне 50-тото, јубилејно издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Во двете фестивалски вечери, утревечер од 19 часот на летната сцена од плоштадот Александрија во Прилеп, а в сабота на Рудина Долнени, ќе настапат околу 250 изведувачи на изворниот мелос, беше соопштено на денешната прес-конференција во Прилеп. Во рамките на фестивалот веќе се одржува Семинарот за изучување на народните инструменти и песни во Ученичкиот дом „Орде Чопела. Учествуваат 12 млади, вљубеници во фолклорните традиции, а предавачи се професор д-р Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот, професор д-р Горанчо Ангелов од музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, доцент д-р Стојанче Ангелов и м-р Горан Василески, претседател на Фестивалот.-Фестивалот одбележува голем јубилеј, пет децении постоење и ја исполнува задачата за зачувување, негување и пренесување на помладите генерации на богатиот изворен мелос. Изведувачи на народни инструменти и песни има многу во Македонија, од најмлади од 5 годишна возраст, па до 95 години и радост е да се знае дека фолклорната традиција се негува, рече Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот. За јубилејното издание се бројни фестивалски настани.-Освен семинарот, застапена е и научната мисла. Еминентни научни дејци од фолклористиката и годинава на научниот симпозиум, утре од 11 часот, ќе ги претстават најновите истражувања, објавени во Зборникот „Фолклорот во минатото и денес“. Фестивалот ќе ја промовира и монографијата за јубилејот: „Непресушен извор – за навек“. Многу е значајно што в сабота во Спомен-куќата на фестивалот во Долнени ќе биде потпишан Меморандум за соработка со Културно информативниот центар „Небрегово“ и со манифестацијата „Зборникот на Конески“ со што на повисоко ниво се истакнува значењето на големите дејци од Прилепскиот регион: великанот Блаже Конески како и народниот уметник со универзални вредности кој богатото културно наследство го има претставено низ светот, Пеце Атанасовски чие име го носи Фестивалот, рече Горан Василески, претседател на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. За доцент д-р Стојанче Костов е битно што Фестивалот не го загуби континуитетот ниту во пандемиските години, а професор д-р Горанчо Ангелов смета дека последните години е зголемен интересот на младите да го иузучуваат богатиот изворен мелос. -Значајно е што се зголеми интересот кај младите и да свират и да опеат, а треба поддршка и за „мајсторите“ кои изработуваат народни инструменти. Во моментов се бројат на прсти, околу 8 се во земјава. Најмладиот има 24, а највозрасниот околу 70 години. Освен тоа институционалната поддршка е пресудна за зачувување на богатото фолклорно наследство, рече на прес-конференцијата Ангелов.За 50 години на Фестивалот учествувале преку 15 000 изведувачи на изворен мелос, имало и гости од сите краишта на светот, а во 13 години на одржувањето на Семинарот, изучувале околу 150 вљубеници на фолклорните традиции. По повод јубилејот, Фестивалот ќе додели 10 статуетки и 50 благодарници на поединци и институции кои го помогнале растежот на оваа национална манифестација. Генерален покровител е Министерството за култура, а покровители се локалните самоуправи на Прилеп и на Долнени.

Утре почнува јубилејниот, 50-ти Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ Read More »